ЖРК Металург извојува лесна победа на гостувањето во Гевгелија

19.11.2018 14:21

Во 13. коло на женската Суперлига, екипата на ЖРК Металург гостуваше во Гевгелија, од каде се врати со нова победа и нови три бодови.

Домашниот тим поведе со 2:0, а потоа се спротивставуваше и во наредните неколку минути, пред ЖРК Металург “да го намести нишанот“ и да почне да го полни голот на домаќинот. Со серии од 3:0, а потоа и 5:0, нашите ракометарки го добија првото полувреме со осум голови разлика, доволни за конечниот успех.

Во второто полувреме ЖРК Металург рутински ја задржа својата предност и не форсираше во нападот, па затоа овој дел мина во израмнета борба.

По 13-ет одиграни кола, ЖРК Металург моментално е водечка екипа на табелата, со 33 освоени бодови, пет повеќе од екипата на Куманово, која пак има две средби помалку.

.

ЖРК Гевгелија – ЖРК Металург  20:27 (9:17)

Сала: 26 Април во Гевгелија.

Гледачи: 200.

ЖРК Гевгелија: Каранфиловска, Горковска, Џалева, Анчева 8, Мандалова 2, Љупова, Попова 1, Асановиќ, Митревска 1, Чурлинова, Димова 2, Карајанова, Стојанова, Танева и Митрова 6.    Седмерци: 3/3.   Исклучувања: 4 мин.

ЖРК Металург: Илјаз, Кркачева, Паскал, Софтовска, Кукунешевска, Ѓорѓиевска, Владева 1, Гулицоска 3, Тасевска 2, Смајлоска, Калајџиевска 3, Граматова 2, Стефановска 7, Гајиќ 3, Брунчевиќ и Гичевска 6.    Седмерци: 4/4.   Исклучувања: 8 мин.

Судии: Виктор Начевски од Скопје и Даниело Божиновски од Битола.

Делегат: Русе Наумовски од Скопје.

Прочитано 186 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


4 − = 1