ЖРК Металург катастрофално го порази Пелистер во Битола

24.10.2019 22:51

Во седмото коло на Женската лига, во Битола ЖРК Металург катастрофално го порази тимот на ЖРК Пелистер. Нашите девојќи славеа со дури 22 голови разлика, 23:45 (12:23).

Иако се очекуваше посилен отпор на домашната екипа, уште од самиот почеток се виде дека ракометарките на Металург се победнички настроени и се во одлична голгетерска форма. Веднаш поведовме со 0:3, а наскоро имавме и 3:9. До крајот на првиот дел создадовме предност од цели 11 гола и беше сосема јасно дека домашниот состав го очекува вистински дебакл.

Второто полувреме мина во сличен стил, а Металург се почесто добиваше можност за лесни голови преку контрите истрчани од нашите крила. До крајот разликата порасна на 22 гола, што е и нашата максимална предност на оваа средба.

Интересно, сите ракометарки на ЖРК Металург, освен трите голманки, се запишаа на листата на стрелците.

ЖРК Металург и по ова коло останува на чело на табелата, со максимален број на бодови и со гол-разлика од неверојати +156 гола, стекнати во само 7 натпревари.

.

ЖРК Пелистер – ЖРК Металург  23:45 (12:23)

РК Пелистер: Богоевска, Наумовска 2, Босиловска, Анчева 6, Раиф 1, Кајческа, Милосављевиќ 4, Талевска 2, Огненова, Каковска, Нечовска, Белевска 2, М.Јанкуловска 1, В.Јанкуловска 1, Стојанова 3 и Соколеска.   Седмерци: 6/7.    Исклучувања: 4 минути.

ЖРК Металург: Илјаз, Кркачева, Паскал, Гугуљанова 1, Гулицоска 3, Тасевска 6, Смајлоска 3, Арсениевска 4, Алексоска 1, Темелковска 2, Дамчевска 2, Калајџиевска 5, Божиновска 6, Граматова 8, Стефановска 2  и Петковска 2.    Седмерци: 1/3.    Исклучувања: 10 минути.

Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола.

Делегат: Саше Јанкулоски од Битола.

Прочитано 343 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


3 − 1 =