ЖРК Металург ќе почне од првото коло на ЕХФ Купот

09.07.2019 16:18

Екипата на ЖРК Металург е рангирана на 50. место од 57-те учесници во ЕХФ Купот и е сместена во вториот шешир при ждребувањето за првото елиминациско коло. Тоа значи дека нашата екипа ќе почне од самиот почеток на ова натпреварување и дека сезоната ќе ни стартува уште во септември.

Наши можни противници во првото коло се екипите на: Крајова, Астраханочка, Бајер, Бесансон, Бјасен, Славија Прага, Гомел, Бера Бера, Лубин, Брул, Скуру, Муратпаша, Атсгерсдорф, Михаловце, Азерјол и Квинтус.

Ждрепката за формирање на двојките од првото коло ќе се влечи на 16 јули.

Освен Металург, во ЕХФ Купот ќе настапи и екипата на ЖРК Куманово, која е 55. рангирана и која исто така е во послабиот шешир при ждребувањето за првото елиминациско коло.

Прочитано 141 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


3 + = 12