ЖРК Металург не го дава второто место

19.03.2018 10:48

Во 20. коло на женската ракометна Суперлига, ЖРК Металург и гостуваше на екипата на Деспина во Прилеп. Остварена е победа, која е во рамките на амбициите на нашиот клуб да го освои второто место во првенството, веднаш зад недопирливиот РК Вардар.

Средбата мина во очекувана доминација на нашите девојки, кои од самиот почеток ги презедоа работите во своите раце и ја приведоа средбата до победнички крај. Отпорот на домашниот тим беше скршен уште во првото полувреме во кое стекнавме недостижни 9 гола разлика, на кои до крајот им додадовме уште 4 гола, за конечни 19:33.

ЖРК Металург се задржа на втората позиција, со бод повеќе од Пелистер и од Куманово, но и со натпревар помалку од овие две екипи.

.

ЖРК Деспина – ЖРК Металург 19:33 (9:18)

РК Деспина: Димитриеска, Е.Рипилоска 1, Димоска, Ристеска, Камческа 2, Крстевска 1, Ристевска, Димова 1, Димитрова, Јовеска 6, Богеска, Конеска 4, Камческа 2, Спиркоска, Седлоска 1 и Л.Рипилоска 1.    Седмерци: 9/15.    Исклучувања: 8 минути.

ЖРК Металург: Илијаз, Гугуљанова 1, Владева 3, Божиновска 2, Тасевска 5, Арсениевска 2, Алексоска 1, Дамчевска 3, Калајџиевска 5, Граматова 1, Ристовска 2, Ѓеоргиевска 2, Паскал, Стефановска 3, Гајиќ 2 и Брунчевиќ 1.   Седмерци: 5/5.    Исклучувања: 12 минути.

Судии: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски од Скопје.

Делегат: Петре Климаков.

Прочитано 198 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


2 + = 6