ЖРК Металург не успеа да го мине полуфиналето во Купот на Македонија

09.05.2019 22:40

Екипата на ЖРК Металург ја загуби полуфиналната битка во Купот на Македонија. Во финалето пред финале, подобри од нас беа ракометарките на домашниот ЖРК Куманово, кои не совладаа со убедливи 29:22 (15:10) и си закажаа финална пресметка со бранителот на титулата – ЖРК Вардар.

Металург во Куманово допатува во улога на благ фаворит, но таа улога не успеа и да ја оправда.

Во текот на целиот натпревар многу помотивираните ракометарки на Куманово ги држеа сите конци во своите раце. Цврсти во одбраната и прецизни во нападот, домашните ракометарки очигледно многу повеќе ја посакуваа победата. Нашите, пак, ракометарки денеска имаа бледо, непрепознатливо издание. Игравме со многу грешки. Во одбраната не успеавме да ги задржиме ударните стрелци на противникот, а во нападот влеговме во позициона, зонска, битка со корпулентната одбрана на Куманово. Тимската игра не функционираше, крилата беа беспомошни и се се сведуваше на индивидуални акции на Калајџиевска и на Гичевска. Со таква игра немавме шанса да го добиеме Куманово и заслужено ја загубивме средбата.

Со екипата на Куманово ќе се сретнеме и следната недела, во рамките на претпоследното коло на плеј-офот во првенството на Македонија.

.

ЖРК Куманово – ЖРК Металург  29:22 (15:10)

ЖРК Куманово: Марковиќ, Живковска, Трајковиќ 4, Ивановска, Боризовска 6, Дичковиќ, Шарановиќ 9, Петковска, Стојчевска, Кипријановска 1, Наумоска, Глигоријадис 1, Краљевска, Цветановска, Дабевска 8 и Димова.    Седмерци: 3/3.   Исклучувања: 6 минути.

ЖРК Металург: Илјаз, Паскал, Гугуљанова 1, Ивановска, Ѓорѓиевска, Владева, Гулицоска, Тасевска 1, Смајлоска 3, Арсениевска, Алексоска 4, Дамчевска 1, Калајџиевска 7, Граматова, Стефановска и Гичевска 5.    Седмерци: 4/4.   Исклучувања: 4 минути.

Судии: Виктор Начевски и Даниело Божиновски од Скопје.

Делегат: Лери Мирчески од Скопје.

Прочитано 281 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


9 + 3 =