ЖРК Металург обезбеди настап во фајналфорот на Купот на Македонија

22.04.2018 11:16

Ракометарките на ЖРК Металург обезбедија настап во завршницата на Купот на Македонија, откако вчера во Прилеп ја совладаа екипата на ЖРК Деспина, со резултат 20:28 (7:13).

ЖРК Металург вчера ја оправда својата фаворитска улога и забележа релативно лесна победа, која почна да ја гради уште на самиот почеток, со серија од 4:0. Во првото полувреме имавме и разлика од 7 гола, 2:9, но на одмор екипите заминаа при резултат 7:13.

Во второто полувреме ЖРК Металург рутински ја задржа својата предност, која успеа и да ја дуплира, за конечни 20:28.

ЖРК Металург ќе биде дел од фајналфорот во Купот на Македонија, заедно со двете екипи на Вардар и со Пелистер.

.

ЖРК Деспина – ЖРК Металург  20:28 (7:13)

ЖРК Деспина: Богеска, Димитриеска, Ристеска, Л.Рипилоска 6, Е.Рипилоска 3, Гулеска, А.Камческа 1, М.Спиркоска, Конеска 3, Димова 1, Крстевска, Седлоска, Јовеска 3, М.Камческа 3 и С.Спиркоска.    Седмерци: 5/10.   Исклучувања: 8 минути.

ЖРК Металург: Илијаз, Паскал, Гугуљанова 3, Владева, Божиновска 1, Тасевска, Смајлоска 1, Алексоска, Дамчевска 1, Калајџиевска 9, Граматова 3, Ѓоргиевска, Ристовска, Стефановска 5 и Гајиќ 5.   Седмерци: 2/2.   Исклучувања: 8 минути.

Судии: Пауноски Никола и Спироски Оливер од Струга.

Делегат: Калановски Славчо од Струга.

.

Резултати од четврт-финалните натпревари:

18.04.2018 (13.30 ч.):  ЖРК Гевгелија – ЖРК Пелистер  16:33 (6:17)
20.04.2018 (18.30 ч.):  ЖРК Куманово – ЖРК Вардар Јуниор  31:33 (13:19; 29:29)
20.04.2018 (19.30 ч.):  ЖРК Овче Поле СУ – ЖРК Вардар  20:58 (11:29)
21.04.2018 (17.00 ч.):  ЖРК Деспина – ЖРК Металург  20:28 (7:13) – записник од натпреварот

 

Прочитано 185 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


− 3 = 1