ЖРК Металург обезбеди полуфинале во националниот Куп

24.02.2019 17:09

Со убедливата победа на гостувањето во Свети Николе, каде го совладавме тимот на ЖРК Овче Поле, со резултат 13:60 (5:30), ЖРК металург обезбеди настап во полуфиналето на македонскиот национален Куп.

Вистинска реткост е да се постигне гол во секоја минута од средбата, како и на листата на стрелците да се запишат сите расположиви ракометарки, освен двете голманки, но токму тоа и успеа на екипата на ЖРК Металург, која како брз воз мина низ овој натпревар.

Домашниот состав немаше никаква шанса на оваа средба, иако во првите неколку минути успеваше да парира, а постигна и три гола. Кога ЖРК Металург тргна посериозно кон голот на домашниот тим, играта на Овче Поле се распадна. До крајот на првото полувреме постигнаа уште само два гола, а примија дури 30.

Првиот дел се преслика и во второто полувреме. Металург безмилосно го полнеше голот на Овче Поле, а домашните ракометарки само повремено успеваа да го најдат патот до нашиот гол. Конечните 13:60 се реални и го отсликуваат тоа што се случуваше во салата “Цар Самоил“.

.

ЖРК Овче Поле – ЖРК Металург  13:60 (5:30)

ЖРК Овче Поле: Манева 3, Ристовска, Мицевска, Велковска, Павловска 4, Костова 3, Тодорова, Димчева, Вучевска 2, Сентовска, Лазаревска и Јанева.   Седмерци: 1/1.    Исклучувања: 6 минути.

ЖРК Металург: Илјаз, Софтовска 1, Ивановска 7, Ѓорѓиевска 3, Владева 4, Гулицоска 2, Тасевска 7, Смајлоска 1, Алексоска 3, Темелковска 3, Дамчевска 8, Граматова 8, Стојановска 1, Гајиќ 6, Гичевска 6 и Паскал.    Седмерци: 1/2.    Исклучувања: 4 минути.

Судии: Здравковска Адријана и Божиновска Сања од Скопје.

Делегат: Љупчо Јаневски од Скопје.

Прочитано 154 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


+ 2 = 6