ЖРК Металург очекувано до трите бода против Гевгелија

02.10.2018 09:34

ЖРК Металург ја продолжи својата победничка серија, откако во четвртото коло на македонското првенство ја совлада екипата на Гевгелија, со убедливи 30:18 (14:10). Мечот се одигра во Автокоманда, а исходот е очекуван.

Сепак, иако ЖРК Металург беше апсолутен фаворит на овој натпревар, во првото полувреме гостинскиот тим пружи силен отпор и беше рамноправен во најголемиот дел од првите 30 минути. Нашите ракометарки дури во завршницата на првиот дел создадоа каква таква предност од четири гола.

Но, квалитетот и физичката подготовка на ЖРК Металург целосно дојдоа до израз во второто полувреме, кое го добивме со осум голови разлика и во кое Гевгелија веќе немаше никаква шанса.

ЖРК Металург и натаму е осамен лидер на првенствената табела, со освоени максимални 12 бодови.

.

ЖРК Металург – ЖРК Гевгелија  30:18 (14:10)

ЖРК Металург: Илјаз, Кркачева, Паскал, Гугуљанова 1, Кукунешевска 1, Ѓорѓиевска 2, Гулицоска 4, Тасевска 2, Смајлоска, Калајџиевска 4, Граматова 1, Стојановска 2, Стефановска 2, Гајиќ 5, Брунчевиќ 3 и Гичевска 3.   Седмерци: 4/7.    Исклучувања: 6 минути.

ЖРК Гевгелија: Каранфиловска, Знчева 6, Карајанова, Попова, Асановиќ, Митревска 4,Хоел, Димова 1, Чурлинова, Шутева 1, Горковска, Љупова, Стојанова, Мандалова, Танева и Митрова 6.    Седмерци: 0/1.    Исклучувања: 10 минути.    Црвен картон (3х2 мин) Анчева во 59. Мин.

Судии: Марија Илиева и Силвана Карбеска од Скопје.

Делегат: Цано Куртовиќ од Скопје.

Прочитано 149 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


3 + 8 =