ЖРК Металург отпатува за Пехчево

18.08.2019 10:09

По неколку дена подготовки во Автокоманда, девојките на ЖРК Металург отпатуваа за Пехчево, каде ќе ги одработат висинските и базичните подготовки. Во Пехчево ЖРК Металург ќе остане до 24 август.

Во периодот по 24 август, ЖРК Металург ќе замине во Србија, каде ќе одигра две средби со екипата на Јагодина, а можни се и дополнителни средби со екипи на нашиот северен сосед.

ЖРК Металург сезонава ќе настапува во домашните натпреварувања и во ЕХФ Купот, каде ќе почне од првото коло. Наш противник е екипата на Метрако Заглебје Лубин, која е второпласирана екипа во првенството на Полска и која зад шампионот заостана само три бода. Раководствата на двете екипи се договорија двете средби да се одиграат во Полска. ЖРК Металург во Полска ќе замине на 6 септември, а двете средби ќе се одиграат на 7 и на 8 септември.

Прочитано 192 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


3 + 6 =