ЖРК Металург победнички против Спартак

07.10.2019 00:20

По кратката пауза поради репрезентативните потреби продолжи сениорското првенство на Македонија. Во третото коло од Женската лига, шампионот на Македонија, ЖРК Металург, славеше на гостувањето кај екипата на Спартак, со резултат 19:38 (12:16). Со ова победа ЖРК Металург го задржа максималниот ефект во досегашниот дел од сезоната и е дел од три екипи кои го запоседнаа врвот на првенствената табела.

Денешната средба мина во знакот на нашиот тим, кој водеше во текот на сите 60 минути. Сепак, првото полувреме заврши со наша предност од само четири гола.

Отпорот на противникот дефинитивно беше скршен во вториот дел од средбата. Металург го засили темпото, па противникот веќе немаше сили за одговор. Многу брзо разликата стана двоцифрена, а конечните +19 се и највисоки постигнати на средбата.

Во следното коло ЖРК Металург ќе и биде домаќин на екипата на Деспина.

.

ЖРК Спартак – ЖРК Металург  19:38 (12:16)

ЖРК Спартак: Андонова 1, Китановска 1, Костадиновска 3, Василева 3, Димитрова, Георгиевска 1, Стефановска 2, Величковска 1, Лазаровска 4, Кузмановска, Кимовска, Кимовска 1, Мартиновска 1 и Домазетовска 1.   Седмерци: 1/3.  Исклучувања: 4 мин.

ЖРК Металург: Илјаз, Паскал, Гугуљанова, Ивановска 2, Кркачева, Гулицоска 1, Тасевска 7, Смајлоска 2, Арсениевска 1, Алексоска 1, Темелковска, Дамчевска 4, Калајџиевска 8, Божиновска 7, Стефановска 2 и Петковска 3.   Седмерци: 3/4.  Исклучувања: 10 мин.

Судии: Марија Илиева и Силвана Карбеска.

Делегат: Сашо Младенов.

Прочитано 167 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


7 − = 5