ЖРК Металург победнички во Струга

13.10.2019 13:45

Во петтото коло на Женската лига, екипата на ЖРК Металург гостуваше во Струга, каде го совлада тимот на ЖРК Стружанка, со резултат 25:18 (15:10). Ова е петта едноподруго победа на актуелниот македонски шампион, со која ЖРК Металург останува на чело на првенствената табела.

Нашите девојки имаа перфектен почеток на средбата и релативно рано стекнавме убедлива предност од 7 гола, 2:9. Иако домаќинот се опорави и се обиде да го смени текот на средбата, единствено што успеа е малку да ја намали негативата, па на одмор екипите заминаа при резултат 10:15.

Во второто полувреме Стружанка вложи дополнителен напор и успеа да направи серија од 5:2, за 15:17, но тоа беше и се од нивниот отпор. Се разбрани Амра Илјаз, се разработи нашата контра, па конечната разлика се зголеми на +7, 18:25.

Ова беше уште еден добар натпревар на нашите девојки, кои во следното коло ќе им бидат домаќинки на ракометарките на ЖРК Кузман Вардар Илинден.

.

ЖРК Стружанка – ЖРК Металург  18:25 (10:15)

ЖРК Стружанка: Mитоска, Ристоска, Калајџиевска, Јовичинац 5, Голабоска, Маркоска 3, Дукоска 2, Переска, Домазетоска, Јоноска, Затуроска 2, Ѓоршулеска, Балоска, Петреска, Делиоска 6 и Јусуфи.    Седмерци: 4/5. Исклучувања: 6 мин.

ЖРК Металург: Илјаз, Паскал, Гугуљанова, Гулицоска 2, Тасевска 4, Смајлоска 2, Арсениевска, Алексоска, Дамчевска 2, Калајџиевска 8, Божиновска 2, Граматова 1, Стефановска и Петковска 4.    Седмерци: 3/4. Исклучувања: 10 мин.

Судии: Здравковска Адријана и Божиновска Сања од Скопје.

Делегат: Дјаковски Васко од Кичево.

Прочитано 197 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


6 + = 11