ЖРК Металург подготовките ќе ги почне на 14. август

12.07.2019 14:23

Македонскиот шампион подготовките за предизвиците во новата сезона ќе ги почне на 14 август, за кога е закажан првиот собир во Автокоманда. Но, во нашата сала екипата ќе тренира само неколку дена, бидејќи од 18 до 24 август ќе ги продолжи подготовките во Пехчево.

Во периодот по 24 август, ЖРК Металург во Србија ќе одигра две средби со екипата на Јагодина, а можни се и дополнителни средби со екипи на нашиот северен сосед.

ЖРК Металург ќе настапува во речиси идентичен состав со оној со кој ја освои шампионската титула во изминатата сезона. Ќе недостасуваат само голманката Бисера Паскал и најверојатно десното крило Марија Гајиќ, кои своите кариери ќе ги продолжат во странство. ЖРК Металург е во преговори со нови засилувања, кои навремено и ќе ги објавиме.

ЖРК Металург сезонава ќе настапува во домашните натпреварувања и во ЕХФ Купот, каде ќе почне од првото коло. Ждрепката за првото коло ќе се влече на 16 јули, а самото коло ќе се игра на 07/08 и на 14/15 септември.

Прочитано 170 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


4 + = 7