ЖРК Металург повторно го надигра Вардар

30.03.2019 23:33

Во првото плеј-оф коло, екипата на ЖРК Металург се сретна со својот стар градски ривал Вардар, кого целосно го надигра и го совлада со катастрофални 11 голови разлика. По кој знае кој пат, Јулијана Дамчевска го надитри својот колега Симе Симовски, кој од Автокоманда повторно замина со празни раце.

Средбата во ниту еден момент не беше израмнета и неизвесна, бидејќи ЖРК Металург имаше целосна контрола на се што се случуваше на теренот и постојана предност, која на крајот стана и двоцифрена. ЖРК Металург победи со резултат 32:21 (13:11) и се зацврсти на врвот на табелата. Нашиот денешен противник, пак, заглави на последното место.

ЖРК Металург уште во раната фаза на средбата стекна убедлива предност, која кон средината на првото полувреме изнесуваше пет голови, 9:4. Сепак, оваа разлика се преполови на крајот на првиот дел, што заврши со резултат 13:11.

Затоа, пак, во вториот дел нашите девојќи ги покажаа сите свои квалитети и целосно го разбија Вардар. Ова полувреме го добивме со разлика од цели девет гола, 19:10.

Во следното коло ЖРК Металург ќе игра во Битола, како гостин на екипата на Пелистер.

.

ЖРК Металург – ЖРК Вардар  32:21 (13:11)

ЖРК Металург: Илјаз, Гугуљанова 1, Ѓорѓиевска 1, Владева 5, Гулицоска 1, Тасевска 7, Смајлоска 1, Алексоска, Темелковска, Дамчевска, Калајџиевска 1, Граматова 5, Стефановска, Гајиќ 3, Гичевска 7 и Паскал.    Седмерци: 2/2.    Исклучувања: 12 минути.   Црвен картон: Марија Гајиќ во 33. минута.

ЖРК Вардар: Трајковска, Ѓеоргиевска, Божиновска 1, Грујовска, Џатевска 3, Ангеловска, Илиќ, Трпевска 3, Гроздановска, Костовиќ 2, Миновска, Седлоска 5, Коларовска, Петковска 3, Дамјановска 3 и Николиќ 1.    Седмерци: 4/7.    Исклучувања: 8 минути.

Судии: Виктор Начевски и Даниело Божиновски од Скопје.

Делегат: Цано Куртовиќ од Скопје.

Прочитано 246 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


5 − = 0