ЖРК Металург регуларната сезона ја одјави со победа против Овче Поле

17.03.2019 16:48

Денеска во Автокоманда екипата на ЖРК Металург ја одигра последната средба од регуларниот дел на првенството, во која катастрофално ја порази екипата на Овче Поле, со резултат 58:24 (32:7).

Од средбата меѓу првопласираната екипа и онаа последна на табелата не можеше да се очекува поинаков епилог сем убедлив пораз на Овче Поле, меѓутоа тоа што се случуваше во првото полувреме ги надмина сите граници. Металург постигна дури 32 гола, односно по еден гол на секои 55 секунди, што е своевиден рекорд. За разлика од нас, гостинките се радуваа на само седум погодоци.

Во вториот дел спласнаа амбициите на Металург во оваа средба, па нашите стрелци постигнаа само 26 погодоци. Многу послаб ефект имаше и нашата одбрана, која во второто полувреме прими дури 17 гола.

Ракометарките кои вчера го поднесоа најголемиот товар при освојувањето на младинската шампионска титула – Ѓорѓиевска, Тасевска, Калајџиевска и Смајлоска – денеска добија заслужен одмор.

Како и да е, регуларната сезона е зад нас, а ја завршивме на челната позиција, со убедливи пет бодови предност пред второпласираното Куманово.

Во продолжението на сезоната, во фазата плеј-оф, влегуваме со дури 18 бодови.

.

Еве како изгледаат појдовните позиции на петте екипи што ќе настапат во плеј-офот:

ЖРК Металург   18 бодови

ЖРК Куманово   13

ЖРК Стружанка   12

ЖРК Пелистер   9

ЖРК Вардар   7

.

ЖРК Металург – ЖРК Овче Поле  58:24 (32:7)

ЖРК Металург: Илјаз, Гугуљанова 3, Владева 6, Ивановска 3, Гулицоска 5, Арсениевска 7, Алексоска 4, Темелковска 2, Дамчевска 4, Калајџиевска, Граматова 8, Ристовска 4, Стојановска 3, Гајиќ 4, Гичевска 5 и Паскал.    Седмерци: 4/5.    Исклучувања: 8 минути.

ЖРК Овче Поле: Ѓоргиева, Манева 12, Стојановска, М.Вучевска, Мицевска, Костова 6, Маркова, Јанева, Е. Вучевска 6 и Нацева.    Седмерци: 4/9.    Исклучувања: 4 минути.

Судии: Благоја Кимовски и Блаже Михајлов  од Скопје.

Делегат: Мамер Реџепи од Скопје.

Прочитано 198 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


− 2 = 5