ЖРК Металург титулата ќе мора да ја освои во Автокоманда

19.05.2019 23:51

Во претпоследното коло на плеј-офот на Женската лига во Куманово се одигра големото дерби меѓу моментално најдобрите македонски женски екипи – ЖРК Металург и ЖРК Куманово.

Иако на ЖРК Металург за новата титула и беше потребен само бод од оваа средба, тоа не се случи. ЖРК Куманово славеше со минимални 25:23 (15:9) и ја одложи нашата промоција до среда, кога се игра нашиот последен натпревар со ЖРК Стружанка во Автокоманда.

За жал, средбата ја загубивме уште во првото полувреме кое го одигравме со многу грешки во одбраната и особено во нападот. Сето тоа го искористи екипата на Куманово, која во еден момент водеше и со максимални 8 голови разлика, 14:6. Металург дури на крајот од првиот дел заигра поконкретно и до одмор ја намали разликата на 6 гола негатива.

Второто, пак, полувреме го доби Металург. Нашите девојки ги вложија сите сили, во обид да направат целосен резултатски пресврт. Се чинеше дека можеби и ќе успеат, но домаќинот сепак успеа да се одбрани и да забележи вредна победа.

И покрај се, ЖРК Металург е главен фаворит на првенството и за освојување на титулата ни треба само еден бод од последната средба, во која ќе се сретнеме со ЖРК Стружанка и тоа во Автокоманда.

.

ЖРК Куманово – ЖРК Металург  25:23 (15:9)

Сала: СОУ „Перо Наков“ во Куманово. Гледачи: 400.

ЖРК Куманово: Јовановска, Марковиќ, Трајковиќ 4, Краљевска, Боризовска 4, Шарановиќ 4, Петковска, Стојчевска, Кипријановска 2, Наумовска, Глигоријадис 3, Ивановска 3, Радевска, Цветановска, Дабевска 4, Димова 1.    Седмерци: 2/3.   Исклучувања: 8 минути.

ЖРК Металург: Илјаз 1, Гугуљанова 2, Ивановска, Ѓорѓиевска, Гулицоска, Тасевска 4, Смајоска 1, Алексоска, Темелковска, Дамчевска. Калајџиевска 7, Граматова 1, Стефановска, Гичевска 7, Паскал, Владева.    Седмерци: 5/7.   Исклучувања: 2 минути.

Судии: Дејан и Димитар Георгиевски од Скопје.

Делегат: Марјан Огњановски од Скопје.

Прочитано 204 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


3 − = 0