ЖРК Металург тргна со победа

11.09.2018 19:50

Денеска во Автокоманда се одигра натпреварот од првото коло на женската ракометна Суперлига, претходно одложен поради обврските на ЖРК Металург во ЕХФ-Купот. Нашиот прв противник, екипата на ЖРК Стружанка од Скопје замина поразена, со резултат 32:18 (13:10).

Првото полувреме мина во колку-толку рамноправна игра, при што Металург имаше предност во најголемиот дел од времето, но и гостинките пружија солиден отпор, а во еден момент премина и во водство, 2:3. Овој дел од натпреварот заврши со резултат 13:10 во наша полза.

Разликата во квалитетот на двете екипи дојде до израз во вториот дел од средбата, во кој противникот беше комплетно разбиен. Металург постепено ја зголемуваше својата предност, која на крајот достигна цели 14 гола разлика.

Со својата денешна игра ЖРК Металург покажа дека го остави зад себе неуспехот на интернационален план и дека и натаму е еден од најсериозните претенденти за шампионската титула во домашното првенство.

.

ЖРК Металург – ЖРК Стружанка  32:18 (13:10)

ЖРК Металург: Илјаз, Софтовска, Кукунешевска, Владева 2, Гулицоска 3, Тасевска 10, Смајлоска, Темелковска, Калајџиевска 4, Граматова, Ѓоргиевска, Стефановска 1, Гајиќ 8, Брунчевиќ, Гичевска 4 и Паскал.   Седмерци: 4/6.    Исклучувања: 8 минути.

ЖРК Стружанка: Ристоска, Јовичинац 3, Б.Затуроска, Јованоска 5, Дурацоска, Јоноска 2, И.Затуроска 1, Јусуфи 1, Маркоска 3, Ѓоршулеска, Петреска 1, Делиоска 2 и Митоска.    Седмерци: 4/4.    Исклучувања: 10 минути.

Судии: Марија Илиева и Силвана Карбеска од Скопје.

Делегат: Лери Мирчески од Скопје.

Прочитано 402 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


7 − = 1