ЖРК Металург во следните два дена ќе бие битка со Метрако Заглебје Лубин во ЕХФ-Купот

06.09.2019 21:26

Екипата на ЖРК Металург во следните два дена ќе ги одигра натпреварите од првото коло на ЕХФ Купот. Двете средби ќе се одиграат на теренот на нашиот противник, тимот на Метрако Заглебје Лубин, кој е и фаворит во овие дуели. Нашите млади ракометарки пристигнаа во Лубин и го одржаа својот попладневен тренинг.

Двете средби ќе се одиграат во “Купрум Арената“, која е со капацитет од 3700 места.

Првата средба се игра утре, со почеток во 18 часот. Улогата на домаќин ќе ја има ЖРК Металург. Средбата ќе ја судат Чесите Лукас Фризер и Михаел Харамул, додека делегат ќе биде Сергеј Кот од Белорусија.

Веќе в недела ќе се одигра и реванш натпреварот, кој е закажан со почеток во 17 часот. И оваа средба ќе ја судат истите судии, а делегат повторно ќе биде Сергеј Кот од Белорусија.

Прочитано 110 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


− 3 = 5