ЖРК Металург заврши со натпреварите во првенството на Македонија

17.05.2018 11:03

Со средбата од последното, 28. коло ЖРК Металург заврши со своите обврски во домашното првенство, во кое го освои второто место и вицешампионската титула.

Во последното коло гостувавме кај европскиот вицешампион ЖРК Вардар и очекувано доживеавме висок пораз, без разлика што нашиот противник настапи со само девет ракометарки, повеќето Македонки.

Средбата мина без посебен притисок и без особена мотивација кај ракометарките на двата тима, кои своите конечни позиции на табелата ги обезбедија уште во минатите кола. Вардар, очекувано доминантен, средбата ја реши уште во првото полувреме, кое го доби со десет голови разлика, па второто полувреме мина во рутинска игра во која староновиот македонски шампион само ја зголеми својата предност.

До крајот на ракометната сезона на ЖРК Металург му преостана Купот на Македонија, кој на програмата е овој викенд. Полуфиналните средби се закажани в сабота, а ЖРК Металург за противник ќе ја има екипата на ЖРК Вардар Јуниор.

.

ЖРК Вардар – ЖРК Металург  49:24 (23:13)

ЖРК Вардар: Суслина, Саздовска 11, Бајрамоска 2, Мицевска, Керамитчиева 12, Хмирова, Петровиќ 8, Гичевска 5 и Ристовска 11.   Седмерци: 0.   Исклучувања: 4 минути.

ЖРК Металург: Илјаз, Кркачева, Паскал, Владева, Божиновска 6, Тасевска 3, Смајлоска 2, Арсениевска 1, Дамчевска, Калајџиевска, Граматова 5, Ѓоргиевска 2, Ристовска, Стефановска 3, Гајиќ 2 и Брунчевиќ.    Седмерци: 1/4.   Исклучувања: 0 минути.

Судии: Марија Илиева и Силвана Карбеска од Скопје.

Делегат: Камер Металари од Скопје.

Прочитано 175 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


+ 2 = 9