ЖРК Спартак со наведната глава ја напушти Автокоманда

10.03.2019 00:27

Во 16. коло на Женската лига, ЖРК Металург катастрофално го порзи тимот на ЖРК Спартак, кој го совлада со резултат 39:24 (19:9). ЖРК Металург со оваа победа ја оправда својата фаворитска улога и се задржа на врвот на првенствената табела.

Средбата почна со испитување на силите и имаше рамноправен карактер се до резултат 5:5. Сите надежи на гостинскиот тим, кој во три наврати имаше и минимално водство, потонаа до средината на првото полувреме кога девојките од Автокоманда првпат создадоа предност од шест голови, 11:5. Оваа разлика до крајот на првите 30 минути се искачи до двоцифрените +10, 19:9.

Ништо не се измени ниту во вториот дел. Металург продолжи со нападите, а разликата при крајот искачи до максималните +17, 37:20. Конечниот резултат е 39:24, победата е повеќе од заслужена, а со новите три бода нашиот тим и натаму е осамен на врвот, со освоени 42 бода, пет повеќе од второпласираното Куманово, кое има и средба помалку.

Веќе во наредното коло не чека решавачки натпревар со екипата на Куманово. Овој натпревар, кој ќе го играме на гостински терен, ќе го одреди конечниот изглед на врвот на табелата во регуларниот дел од сезоната.

.

ЖРК Металург – ЖРК Спартак  39:24 (19:9)

ЖРК Металург: Илјаз, Гугуљанова 1, Ѓорѓиевска 2, Владева 1, Ивановска 1, Гулицоска 2, Тасевска 8, Смајлоска 1, Арсениевска, Алексоска 1, Темелковска, Калајџиевска 5, Граматова 4, Гајиќ 6, Гичевска 7 и Паскал.   Седмерци: 1/2.    Исклучувања:  10 минути.

ЖРК Спартак: Андонова 1, М.Николовска 6, Костадиновска, А.Николовска 8, Младеновска, Сандева, Стефановска 2, Алушовска, Ангеловска, Андова 1, Божиновска 3, Мартиновска 2 и Иванова 1.    Седмерци: 5/7.    Исклучувања:  8 минути.

Судии: Дејан и Димитар Георгиевски од Скопје.

Делегат: Цано Куртовиќ од Скопје.

Прочитано 287 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


9 − = 2