Битката за финале во Купот на Македонија ја доби тимот на ЖРК Куманово

14.05.2021 18:12

Жрепката сакаше уште во полуфиналето на Купот на Македонија да се сретнат двете моментално најдобри екипи во македонскиот женски ракомет, ЖРК Куманово и ЖРК Металург.

Нивниот денешен дуел мина во жестока борба, во најголем дел израмнета, со огромна желба за победа на девојките од двата тима.

Натпреварот долго беше апсолутно неизвесен, иако ЖРК Куманово имаше минимално, но скоро постојано водство. ЖРК Металург ја бараше својата шанса, повремено успеваше да дојде и до резултатска предност, но на полувреме замина со негатива од еден гол, 13:12.

Својата победа Куманово ја извојува во првите десетина минути од вториот дел, кога поведе со убедливи +5, 19:14. Оваа разлика стана недостижна за нашите ракометарки, иако во неколку наврати намалувавме на само два гола негатива. На крајот, ЖРК Куманово заслужено се пласира во утрешното финале во кое ќе има одлична можност да ја одбрани титулата во Купот на Македонија.

Во финалето ЖРК Куманово ќе се сретне со екипата на ЖРК Вардар, која во второто денешно полуфинале го совлада тимот на ЖРК Чаир, со резултат 31:27 (15:9).

.

ЖРК Куманово – ЖРК Металург  27:23 (13:12)

ЖРК Куманово: Марковиќ, Трајковиќ 4, Ивановска 2, Боризовска 6, Јовановска, Шарановиќ, Чокели, Јанкуловска 6, Кипријановска 3, Митровиќ, Џакмиќ 6, Димитриевска, Цветановска, Бечирхоџиќ, Паскал и Краљевски.    Седмерци: 6/7.     Исклучувања: 14 минути.     Црвен картон (3х2 мин): Чокели во 45. минута.

ЖРК Металург: Илјаз, Васева, Софтовска, Гугуљанова, Ѓорѓиевска, Гулицоска 3, Тасевска 6, Смајлоска, Арсениевска 4, Младеновска, Темелковска, Дамчевска, Божиновска 7, Ристовска 1, Петковска 1  и Николиќ 1.     Седмерци: 6/6.      Исклучувања: 16 минути.      Црвен картон (3х2 мин): Гугуљанова во 47. минута.

Судии: Методија и Михајло Илиевски.

Делегат: Васил Чавдаров.

Прочитано 146 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


7 − = 1