БУДУЌНОСТ ПРЕМНОГУ СИЛНА ЗА ЖРК МЕТАЛУРГ

29.09.2014 13:24

baner - vesti_resize

ЖРК Металург со пораз го заврши учеството на првиот турнир во рамките на Регионалната лига. Сосема очекувано, загубивме од финалистот во Лигата на шампионите, екипата на Будуќност, со резултат 30:15 (14:7).

Металург одлично ја почна средбата и во 2. минута поведе со 2:0. Последен пат водевме во 11. минута, при резултат 4:3. Нашите девојки се држеа се до 18. минута, кога резултатот гласеше 7:7, а потоа дојде до пад во нашата игра и серија на домашниот тим од 7:0. Полувремето заврши со резултат 14:7, за екипата на Будуќност. Домашниот состав беше подобар и во второто полувреме, кое го доби со резултат 16:8, за конечни 30:15.

Најдобра во нашиот состав беше Сара Ристовска, со четири постигнати гола.

Средбата се одигра во СЦ “Морача“, пред околу 800 гледачи.

ЖРК Будуќност – ЖРК Mеталург  30:15 (14:7)

ЖРК Будуќност: Волтеринг, Рајчиќ (8 одбрани + седмерец), Ждериќ, Петровиќ 6 (6), Неагу, Далби 8, K. Булатовиќ, Н. Булатовиќ 4, Рамусовиќ 1, Цвијиќ, Meхмедовиќ, Деспотовиќ 4, Павичевиќ 4, Биздра 2, Kнежевиќ и Лазовиќ 1.       Седмерци: 6/7.      Исклучувања: 4 минути.

ЖРК Mеталург: Дурланова (2 одбрани), Aнтиќ (3 одбрани), Ивановска 1, Kaранфиловска, Пеовска 1, Белескa 3, Joвановскa 2, Николиќ 1, Стојковска, Николовска 1, Ливриниќ 1, Саздовска 1, Ципушева, Величковска и Ристовска 4 (2).         Седмерци: 2/3.      Исклучувања: 2 минути.

———————————————————————————————————————————

Во првиот вчерашен натпревар екипата на Даниловград дојде и до својата втора победа, откако го совлада составот на Крим Меркатор, со резултат 32:26 (15:14). Најдобра во редовите на Крим беше нашата Мирјета Бајрамоска, со 7 постигнати гола.

 

Прочитано 325 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


2 + 5 =