Дебакл на Кузман – Вардар во Автокоманда

10.04.2021 12:37

Во натпревар од 18. коло на Женската лига, во Автокоманда ЖРК Металург катастрофално го порази тимот на РК Кузман – Вардар, со резултат 53:14 (24:5).

Следевме крајно нерамноправен натпревар во кој ЖРК Металург целосно го надигра неискусниот противник. Се беше јасно по само десетина минути, во кои Металург поведе со 7:0. Својот прв гол гостинките го постигнаа на половина од првото полувреме, кое пак заврши со наша предност од цели 19 гола.

Ништо не се промени  во вториот дел. Металург продолжи со голеадата, најчесто преку брзите контри, единствено што и шротивникот во овој период успеа да постигне 9 гола.

Се на се, огромната разлика во квалитетот и во искуството резултираше со победа изразена со 39 голови разлика.

Следен наш предизвик е гостувањето кај екипата на ЖРК Куманово.

.

ЖРК Металург – РК Кузман – Вардар  53:14 (24:5)

ЖРК Металург: Илјаз, Васова, Ѓорѓиевска 4, Владева 2, Ивановска 3, Гулицоска 2, Тасевска 9, Смајлоска 4, Арсениевска 5, Младеновска 4, Дамчевска 5, Божиновска 7, Ристовска 1, Петковска 4 и Николиќ 3.    Седмерци: 1/2.    Исклучувања: 6 минути.

РК Кузман – Вардар: Ѓорѓиева, Додевска, Трајковска, Чавдарова, Петровска, Милевска, Јовевска, Стојчевска, А.Ангеловска, Симоновска, Петковска, Кириловска, Ј.Ангеловска и Буразер.     Седмерци: 0/2.     Исклучувања: 4 минути.

Судии: Марко Огњановски и Дамјан Савиќ.

Делегат: Цветомир Јовановски.

Прочитано 157 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


9 + = 16