Деспина без бодови замина од Автокоманда

09.05.2021 00:19

Во рамките на 21. коло на Женската лига. во Автокоманда екипата на ЖРК Металург убедливо го совлада тимот на ЖРК Деспина, со резултат 31:20 (14:10).

Металург беше евидентно поквалитетниот тим, кој во текот на целата средба имаше целосна контрола врз играта. По рамноправните воведни минути, нашите девојки стигнаа до највисоките +6 во првото полувреме, 12:6. Неколкуте грешки и лошата реализација при изгледни ситуации беа причините што на одмор заминавме со само 4 голови предност.

Во вториот дел ја поправивме реализацијата и стигнавме до позитива од 13 голови, а конечниот резултат е 31:20.

Следи мала пауза во првенството, бидејќи на 14 и на 15 мај се игра завршницата во Купот на Македонија. Металург во полуфинале ќе се сретне со екипата на ЖРК Куманово.

.

ЖРК Металург – ЖРК Деспина  31:20 (14:10)

ЖРК Металург: Илјаз, Васева, Софтовска 1, Ѓорѓиевска 2, Ивановска 2, Гулицовска 2, Тасевска 6, Смајлоска, Арсениевска 1, Младеновска 2, Темелковска 1, Дамчевска 6, Божиновска 2, Ристовска, Петковска 1 и Николиќ 5.     Седмерци: 3/4.     Исклучувања: 10 минути.

ЖРК Деспина: Боризовска, Гулевска 2, Ел.Рипиловска 4, Ев.Рипиловска 2, Цветковска 3, Спироска, Ристеска, Димитрова 1, Петреска 1, Богојеска, Конеска 5, Чурлиновска, Еленин 1, Цаневска 1, Седлоска и Димоска.     Седмерци: 3/5.      Исклучувања: 6 минути.

Судии: Кимовски Благоја и Михајлов Баже.

Делегат: Костенчев Стево.

Прочитано 97 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


− 4 = 1