ДРАМАТИЧНА ПРЕСМЕТКА МЕЃУ ВТОРИТЕ ЕКИПИ НА МЕТАЛУРГ И НА ВАРДАР

15.03.2014 19:31

baner - vesti_resize

Драматична беше пресметката меѓу вторите екипи на Металург и на Вардар, Металург Скопје и ЖРК Вардар, во “Автокоманда“. Исклучително рамноправен и неизвесен натпревар, кој заврши со победа на Металург Скопје, откако Керамитчиева постигна гол на три секунди до крајот.

Во првото полувреме екипите наизменично ги совладуваа противничките голманки, а забележавме и рекордни 11 израмнувања на резултатот. Се водеше вистинска спортска војна која на крајот од првиот дел заврши со мирољубиви 13:13.

Второто полувреме го почнавме лошо, а противникот знаеше како да ги казни нашите технички грешки, па во 39 минута поведе со високи четири гола разлика, 15:19. Тоа како да ги разбуди нашите девојки, кои направија фантастична серија од 5:0, за водство со резултат 20:19. Драматични беа последните три минути од средбата, во кои Вардар влезе со предност од еден гол, 22:23. Металург Скопје успеа да постигне два гола, последниот на само три секунди до крајот, и да извојува важна победа.

Вистински јунак на средбата беше Теа Керамитчиева, која постигна дури 11 гола, а одлична на нашиот гол беше Дурланова со 10 одбрани, меѓу кои и еден седмерец.

РК Металург Скопје – ЖРК Вардар  24:23 (13:13)

РК Металург Скопје: Дурланова (9 одбрани +седмерец), Наумовска, Ципушева, Каранфиловска, Гакидова 2, Ѓоргиовска, Георгиевска, Тодоровска 4, Талевска 3, Петлевска 2, Димова, Симјановска 1, Дабевска, Керамитчиева 11, Јолеска и Петковска 1.     Седмерци: 4/4.        Исклучувања: 8 минути.

ЖРК Вардар: Ангеловска, Саздовски 6, Трпковска 1, Љубљанаја 3, Стојковска 1, Митова 2, Петковска, Маневска 3, Нолевска, Крстевска, Здравкова, Виноградова 3, Мишевска, А.Петковска, Стојановска 4 и Чанкуловска.      Седмерци: 2/3.     Исклучувања: 14 минути.         Црвен картон: Трпковска во 44 минута.

Судии: Христовски Војо и Мајнов Бобан од Скопје.

Делегат: Најденовски Миле од Скопје.

Прочитано 900 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


− 2 = 4