Градското дерби и припадна на екипата на ЖРК Металург

01.12.2019 01:13

Во Автокоманда денеска се одигра градското дерби меѓу екипите на ЖРК Металург и на ЖРК Вардар. По голема борба, победата заслужено им припадна на девојките од Автокоманда, кои во поголем период од средбата имаа резултатска предност.

Првото полувреме мина во израмнета борба, со многу пресврти. Подобро ја почна средбата ЖРК Металург, но средишницата на првиот дел, пак, им припадна на гостинките, кои водеа со предност од еден до два гола. Сепак, ЖРК Металург го направи последниот пресврт и првото полувреме го заврши со позитива од три гола.

Крајно жестоко, борбено и рамноправно се играше и во второто полувреме, со таа разлика што ракометарките на ЖРК Металург во ниту еден момент не го испуштија своето водство. Во завршницата од средбата во два наврати имавме максимални +5, но на крајот моравме да се задоволиме со победа од два гола.

Посебно денеска беа расположени нашите две голманки. Амра Илјаз перфектно го одработи натпреварот, забележувајќи 12 одбрани, додека Бисера Паскал одбрани дури четири седмерци. Ива Божиновска, пак, седумпати го погоди противничкиот гол.

ЖРК Металург и по ова коло е второпласирана, веднаш зад ЖРК Куманово, а во следното коло ќе и гостуваме на екипата на ЖРК Овче Поле.

.

ЖРК Металург – ЖРК Вардар  30:28 (16:13)

ЖРК Металург: Илјаз 1, Паскал, Гугуљанова 1, Владева, Гулицоска 5, Тасевска 4, Смајлоска 5, Арсениевска, Алексоска 1, Дамчевска 1, Калајџиевска 1, Божиновска 7, Граматова 1, Стефановска 2 и  Петковска 1.    Седмерци: 1/1.    Исклучувања: 14 минути.

ЖРК Вардар: Гоцевска, Ѓеоргиевска 3, Божиновска, Грујовска, Џатевска 2, Илиќ, Трпевска, Гроздановска, Костовиќ 1, Диневска 3, Седлоска 8, Коларовска 2, Јаковчевска 1, Галевска 7, Дамјановска и Николиќ 1.    Седмерци: 6/10.    Исклучувања: 10 минути.

Судии: Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев од Скопје.

Делегат: Марјан Огњановски од Скопје.

Прочитано 171 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


9 + 3 =