- МНОГУ ПОТ СЕ ЛЕЕ НА ТРЕНИНЗИТЕ НА ЖРК МЕТАЛУРГ. ФОТОГАЛЕРИЈАОбјавено пред 7 years
- ДЕВОЈКИТЕ ОД МЕТАЛУРГ СКОПЈЕ ДЕНЕСКА ГО ОДРЖАА ПРВИОТ ТРЕНИНГ. ФОТОГАЛЕРИЈАОбјавено пред 7 years
И сениорките и се реваншираа на Црна Гора

Денешниот успешен ден на македонскиот женски ракомет, кој почна со победата на нашата младинска репрезентација, продолжи со успешниот реванш и на нашиот сениорски состав. Македонија ја совлада Црна Гора, со резултат 21:17 (09:09).
Репрезентацијата одигра одлично во текот на целиот натпревар, а цврстата игра во одбраната и ефикасноста во нападите и донесоа резултатска предност од 4 погодоци, предност која ја задржаа до крајот на натпреварот.
За репрезентацијата на Македонија најефикасна ракометарка беше Ивана Гакидова со 6 погодоци, додека за репрезентацијата на Црна Гора беше Јелена Деспотович со 5 погодоци.
Во дресот на Македонија денеска настапија и две ракометарки на ЖРК Металург – Леонида Гичевска и Марија Гајиќ. Двете одиграа одличен натпревар и допринесоа со по еден постигнат гол.
Официјален записник од натпреварот.