И ЖРК Ѓорче Петров “се загуби“ во Автокоманда

10.11.2019 03:32

Македонскиот шампион, ЖРК Металург, продолжува со одличните партии, па во рамките на десетото коло на Женската лига катастрофално го порази тимот на ЖРК Ѓорче Петров, со резултат 40:14 (18:7).

И на овој натпревар нашите ракометарки од самиот почеток го форсираа резултатот, па по првите неколку минути веќе водевме со 5:0. Иако Јулијана Црвенкоска на оваа средба настапи без неколку стандардни првотимки, тоа не го спречи ЖРК Металург до крајот на првото полувреме да стекне недостижна предност од 11 гола, 18:7.

Уште полошо противникот мина во второто полувреме во кое постигна исто така 7 гола, но прими дури 22.

И по ова коло, ЖРК Металург и ЖРК Куманово се две водечки екипи, со максимални 27 бодови. Токму овие две екипи во следното коло ќе се соочат една против друга, а ова дерби ќе се одигра на теренот на нашиот противник.

.

ЖРК Металург – ЖРК Ѓорче Петров  40:14 (18:7)

ЖРК Металург: Паскал, Кркачева, Гугуљанова 1, Владева 2, Гулицоска 1, Тасевска 4, Арсениевска 2, Алексоска 2, Темелковска 3, Дамчевска 8, Калајџиевска 5, Божиновска 6, Ристовска 2, Стојановска 3, Петковска 1 и Брунчевиќ.     Седмерци: 2/2.    Исклучувања: 10 минути.

ЖРК Ѓорче Петров: Ѓоргиева, Маринов, Несторовска, Чубриноска, Донева 2, Петровска 2, Малцева, Кежаровска, Србиновска 5, Јовановска, Петровска, Шкријељ, Гркова, Антеска и Цветановска 5.    Седмерци: 2/5.    Исклучувања: 6 минути.

Судии: Иво Георгиевски и Игор Наумовски од Скопје.

Делегат: Златко Локвенец од Скопје.

Прочитано 273 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


7 + 3 =