Јована Владева ја заврши својата ракометна кариера

04.06.2021 21:40

По официјалниот крај на тековната сезона, ЖРК Металург остана без својата долгогодишна ракометарка, Јована Владева, која денеска се прости од активното играње ракомет.

Владева, која играше на пикерската позиција, повеќе од осум години беше член на ЖРК Металург и ги помина сите старосни категории во нашиот клуб, а неколку сезони беше и капитен на екипата.

На Јована и посакуваме се најдобро во животот, убедени дека ќе успее на секое поле, како што тоа го направи и во ракометот.

Фото:

Прочитано 371 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


4 + 1 =