- МНОГУ ПОТ СЕ ЛЕЕ НА ТРЕНИНЗИТЕ НА ЖРК МЕТАЛУРГ. ФОТОГАЛЕРИЈАОбјавено пред 6 years
- ДЕВОЈКИТЕ ОД МЕТАЛУРГ СКОПЈЕ ДЕНЕСКА ГО ОДРЖАА ПРВИОТ ТРЕНИНГ. ФОТОГАЛЕРИЈАОбјавено пред 6 years
Кадетките на ЖРК Металург го забележаа првиот пораз

Во големото дерби на кадетското првенство на Македонија, група 1, ЖРК Металург загуби од екипата на ЖРК Вардар. Средбата, во рамките на петтото коло, се одигра во Автокоманда, а заврши со победа на гостинскиот тим со резултат 25:33 (14:12).
Во првото полувреме се водеше голема борба, со периоди на водства на двете екипи, а заврши со предност на нашиот тим, 14:12.
Голем пресврт се случи во второто полувреме. ЖРК Металург одигра многу послабо отколку во првиот дел и му дозволи на противникот, со неколку серии, да направи целосен резултатски пресврт и да извојува убедлива победа.
Ова е прв пораз на нашиот кадетски тим, кој во следното коло во Автокоманда ќе ја пречека екипата на ЖРК Шампион.
.
ЖРК Металург – ЖРК Вардар 25:33 (14:12)
ЖРК Металург: Михајловска, Ѓошевска 6, Ѓорѓиевска, Шоповска 1, Цветковска, Крстевска, Арсениевска 8, Драговиќ, Петковска 3, Стојановска 3, Божиновска 4, Станчева, Темелковска и Ристовска. Седмерци: 5/5. Исклучувања: 14 минути.
ЖРК Вардар: Ѓорѓиевска, Стојанова, Андоновска 5, Крагељ, Равојска, Стефановска 2, Коловска, Трајановска, Христоска, Борј.Коцева 6, Ангеловска 1, Максимовска 7, Миланова, Пешиќ 5, Радевска 2 и Бој.Коцева 5. Седмерци: 3/4. Исклучувања: 10 минути.
Судии: Адријана Здравковска и Сања Божиновска од Скопје.
Делегат: Кристијан Белимов од Скопје.