КАТАРИНА БУЛАТОВИЌ СЕ ВРАЌА ВО БУДУЌНОСТ

20.03.2014 12:59

baner - vesti_resize

Добри вести за екипата на Будуќност и нејзините фанови – во Подгорица се враќа Катарина Булатовиќ.

По две сезони минати во странство (Олчим и Ѓер), најдобриот десен бек на планетата повторно потпиша за екипата на Будуќност, чиј дрес го носела во текот на пет сезони.

Катарина Булатовиќ има две титули во Лигата на шампионите, со Шлагелсе (2007 г.) и со Будуќност (2012 г.), а, како член на најголемиот фаворит оваа сезона (Ѓер), на добар пат е да се стекне и со трета.

“Mило ми е што се враќаам дома и што повторно ќе играм со девојките со кои ги остварив своите најголеми спортски успеси, на клупски и на репрезентативен план. По две години минати во странство, мило ми е што повторно ќе играм во Подгорица, пред верните навивачи. Се надевам дека во Будуќност ќе пристигнам со нов пехар освоен во Лигата на шампионите“, вели Булатовиќ.

Прочитано 278 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


2 + = 10