Катастрофален пораз на ЖРК Спартак во Автокоманда

11.03.2020 16:18

Во Автокоманда денеска се одигра натпревар од 16. коло на Женската лига.

Екипата на ЖРК Металург го пречека тимот на Спартак, кого на крајот и убедливо го порази.

Десетина минути траеше почетното испитување на силите, се до резултат 4:4, а потоа тимот на ЖРК Металург евидентно го засили темпото и направи серија од дури 10:0, за 14:4.  Всушност, во последните 20 минути од првото полувреме противникот се радуваше на само еден гол, а ова полувреме заврши со резултат 18:5.

Во вториот дел Металург се опушти поради огромната разлика, па прими дури 11 гола, иако и самиот постигна 25. Разликата ќе беше и поголема, ако нашите девојки ги искористија своите шанси.

.

ЖРК Металург – ЖРКСпартак  43:16 (18:5)

ЖРК Металург: Илјаз, Паскал, Гугуљанова 3, Владева, Гулицоска 1, Тасевска 9, Арсениевска 1, Алексоска 1, Темелковска 2, Дамчевска 3, Калајџиевска 4, Божиновска 1, Граматова 8, Ристовска 1, Стефановска 4 и Петковска 5.   Седмерци: 2/2.    Исклучувања: 12 минути.

ЖРК Спартак: Костадиноска 1, Китановска 1, Неделковска, Василева 3, Самарџиска, Величковска, Димитрова 5, Андонова 1, Кимовска ивана, Кимовска Ива 3 и Домазетовска 2.    Седмерци: 3/3.    Исклучувања: 6 минути.

Судии: Адриана Здравковска и Сања Божиновска од Скопје.

Делегат: Цоно Куртовиќ од Скопје.

Прочитано 225 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


4 + = 9