Комплетна смена на генерациите во ЖРК Металург

05.09.2017 21:30

ЖРК Металург напорно тренира и се подготвува за новата сезона, но во комплетно изменет и подмладен состав. Процесот на смена на генерациите, што почна пред две сезони, продолжи и оваа, па денешниот женски тим од Автокоманда малку наликува на оној што настапувал во минатата сезона.

Од клубот заминаа дури 11 ракометарки: Матеја Серафимова, Маја Каранфиловска, Сања Дабевска, Марија и Милица Николиќ, Симона Стојковска, Сара Цаневска, Јована Саздовска,  Габриела Величковска, Елена Петковска и Андреа Илиќ.

Денешниот ЖРК Металург е всушност спој од кадетската и младинската екипи на нашиот клуб, кои се повеќегодишни шампионки на Македонија во двете конкуренции. Всушност, во денешниот ЖРК е собран сиот македонски талент во тие категории, вистинската иднина на македонскиот женски ракомет.

Првите обврски во новата сезона го очекуваат тимот на ЖРК Металург на 16/17 септември, кога почнува женската Суперлига, а во првото коло и гостуваме на екипата на Вардар Јуниор. ЖРК Металург исто така ќе настапи и во Челинџ Купот, каде стартуваме од третото коло и каде за противник ја имаме шпанската Малага. Двомечот со Малага ќе се игра во средината на ноември, а, според тековните преговори, двете средби најверојатно ќе се играат на теренот на нашиот противник.

Прочитано 110 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


8 − = 5