Куманово го доби дерби натпреварот во Автокоманда

16.10.2020 18:36

ЖРК Металург го доживеа својот прв пораз во тековната сезона, откако во Автокоманда го загуби големото македонско дерби со екипата на ЖРК Куманово. Гостинскиот тим беше подобар и не совлада со убедливи 23:30 (11:13).

Тоа беше судир на две досега непоразени екипи, кои во претходните шест кола покажаа најмногу и кои со право се единствените претенденти за шампионската титула.

Првото полувреме мина во интересна, борбена и воглавно раноправна игра. Во првите 20 минути двете екипи се менуваа во водство, додека последната третина од првиот дел им припадна на гостинките, кои на самиот крај поведоа и со 4 голови разлика. Сепак, ЖРК Металург го заврши полувремето со два едноподруго гола и на одмор замина со негатива од само два погодока.

Се се измени во вториот дел во кој нашите девојки влегоа во континуирана серија на грешки, кои противникот умешно ги искористи и многу брзо создаде разлика од 5 гола, која не ја испушти до самиот крај. Најголемото водство на Куманово изнесуваше 9 гола, а средбата заврши со резултат 23:30. Со оваа победа Куманово направи голем исчекор во освојувањето на првенството.

Во следното 8 коло (18 октомври) ќе и гостуваме на екипата на Деспина.

.

ЖРК Металург – ЖРК Куманово  23:30 (11:13)

ЖРК Металург: Илјаз, Паскал, Гугуљанова 2, Владева, Гулицоска 3, Тасевска 6, Смајлоска 1, Арсениевска, Дамчевска 2, Младеновска, Алексоска, Темелковска, Божиновска 5, Петковска 2 и Николиќ 2.    Седмерци: 1/1.     Исклучувања: 8 минути.

ЖРК Куманово: Марковиќ 1, Пецанова, Трајковиќ 5, Ивановска 3, Боризовска 6, Јовановска, Шарановиќ 1, Чокели 4, Јанкуловска 7, Кипријановска 3, Митровиќ, Џакмиќ, Краљевска, Цветановска, Бечирхоџиќ и  Димитриевска.     Седмерци: 3/3.    Исклучувања: 8 минути.

Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Делегат: Камер Металари.

Прочитано 195 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


7 + = 11