Лесна победа на младинките на ЖРК Металург

17.11.2019 22:59

Во второто коло на единствената младинска лига на Македонија, младинките на ЖРК Металург извојуваа лесна и убедлива победа против екипата на ЖРК Чаир, која ја совладавме со резултат 47:17 (22:9).

ЖРК Чаир нема младинска екипа со квалитет каков што има нивната сениорска екипа, па на денешната средба не беа достоен ривал во дуелот со нашите младинки. Нашите  девојки сите дилеми ги решија уште во првото полувреме кое го добивме со недостижни 13 голови разлика, 22:9.

Во вториот дел продолжи голеадата на нашиот тим, па средбата ја завршивме со предност од цели 30 гола, 47:17.

Ова е втора победа на нашите младинки, кои во следното коло ќе му гостуваат на големиот ривал – ЖРК Вардар.

.

ЖРК Металург – ЖРК Чаир  47:17 (22:9)

ЖРК Металург: Илјаз, Софтовска, Ѓорѓиевска, Ивановска 5, Михајловска, Тасевска 8, Смајлоска 1, Арсениевска 6, Алексоска 2, Темелковска 6, Дамчевска 7, Калајџиевска 4, Ристовска 2, Стојановска 1, Петковска 5 и Брунчевиќ.     Седмерци: 4/4.    Исклучувања: 10 минути.

ЖРК Чаир: Сандева 1, Камбери, Рамадани, Љ.Зекири, А.Зекири, Хамити 1, Петровска 1, Димитриевска 3, Зам.Рамуко 4, Зана Рамуко 2, Ан.Сали, Петровска 5, Шерифи, Ам.Сали и Ѓуриќ.     Седмерци: 4/7.    Исклучувања: 6 минути.

Судии: Адријана Здравковска и Сања Божиновска од Скопје.

Делегат: Златко Локвенец од Скопје.

Прочитано 241 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


9 − = 4