Лесна победа на ЖРК Металург во дуелот со Шампион

04.04.2021 19:44

Во рамките на 17. коло на Женската лига, ЖРК Металург извојува лесна и убедлива победа на гостувањето кај ЖРК Шампион. Нашите девојки победија со резултат 22:46 (8:24).

Тоа беше уште еден натпревар во кој Металург покажа квалитет и кој го реши уште во првото полувреме со предност од огромни 16 голови разлика. Во вториот дел нашите девојки одиграа според потребите и овој период го добија со поскромни 8 голови разлика.

ЖРК Металург стигна до својата 14 победа и со освоени 42 бода е второпласирана екипа во домашното првенство.

Во следното коло, кое ќе се игра на 11 април, во Автокоманда ќе гостува последнопласираната екипа на Кузман Вардар, натпревар во кој нашиот тим е апсолутен фаворит.

.

ЖРК Шампион – ЖРК Металург  22:46 (8:24)

ЖРК Шампион: Велковска, Георгиевска 3, М.Петровска, Богоевска 4, Димитриевска 3, А.Петровска 2, Бадаровска, Неделковска 7, Урбан, Стојановиќ, Јовановска, Бојковска 1, Миа Петровска 2, Ристевска, Филипова и Јованова.     Седмерци: 1/6.     Исклучувања: 6 минути.

ЖРК Металург: Илјаз, Васева, Ѓорѓиевска, Владева 4, Ивановска 3, Тасевска 2, Смајлоска 5, Арсениевска 7, Младеновска 4, Божиновска 6, Ристевска 4, Петковска 7 и Николиќ 4.    Седмерци: 4/4.     Исклучувања: 10 минути.

Судии: Илија Давидовски и Бобан Стојановски.

Делегат: Лери Мирчески.

Прочитано 235 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


2 + 8 =