Лесна победа на ЖРК Металург во Свети Николе

26.09.2020 10:06

Во рамките на третото коло од Женската лига, екипата на ЖРК Металург извојува лесна и убедлива победа на гостувањето во Свети Николе. Екипата на Овче Поле ја совладавме со огромни 20 голови разлика, 24:44 (10:21).

Тоа беше натпревар на две екипи со евидентна разлика во квалитетот, па само беше прашање со колкава разлика ќе се вратиме од ова гостување.

Сите дилеми беа решени уште во првото полувреме, кое го добивме со позитива од 11 голови. Домашниот состав едноставно немаше решение за брзата игра на Металург, особено преку нашите крила.

Второто полувреме само ја потврди нашата доминација, а на стекнатата позитива додадовме уште девет гола.

Во следното коло, кое се игра утре, во Автокоманда ќе гостува екипата на шампион.

.

ЖРК Овче Поле – ЖРК Металург  24:44 (10:21)

ЖРК Овче Поле: Манева 5, Маркова, Павлова, Гигова, Стојанова, Велковска, Мицевска, Пвловска 1, Костова 3, Јовановска 1, Ташкова, Вучевска 8, Стоилова 1, Ефремова и Сентовска 5.     Седмерци: 5/7.     Исклучувања: 12 минути.

ЖРК Металург: Илјаз, Паскал, Гугуљанова 1, Ивановска 4, Владева 1, Гулицоска 3, Тасевска 12, Смајлоска, Арсениевска 4, Младеновска 2, Темелковска 3, Божиновска 3, Ристовска 3, Петковска 6 и Николиќ 2.    Седмерци: 5/5.     Исклучувања: 10 минути.    Црвен картон (3х2 мин.): Темелковска во 55. Минута.

Судии: Ѓорги Василевски и Иван Јовановски.

Делегат: Зоран Кимовски.

Прочитано 165 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


− 3 = 1