ЛЕТНИОТ КАМП НА МЕТАЛУРГ ДЕНЕСКА ГИ ДОЧЕКУВА ДЕЦАТА ОД ВТОРАТА СМЕНА

23.06.2013 17:17

 baner - vesti_resize

Осмиот традиционален летен камп на ракометната академија „Металург“ влегува во завршна фаза за првата група кампери, кои веќе седум дена тренираат и се дружат на бреговите на Охридско Езеро, сместени во хотелот „Бетон“. Веќе денеска, пристигнува втората група дечиња, а ја сочинуваат 190 деца од нашите школи во Скопје и во Прилеп и десетина тренери, предводени од директорот на младите категории на Металург, Тони Ристевски.

DSC_8912_resize

Згрижени, под постојан надзор на нашите тренери, децата уживаат во прекрасниот крајезерски амбиент, тренираат, се забавуваат.

Временските услови се одлични, а и терените за работа. Со момчињата и со девојчињата тренираме двапати дневно и сѐ оди по зацртаниот план. Втората група деца, која доаѓа денеска, ќе биде поголема и ќе ја  околу 200 дечиња од сите наши школи низ Македонија – рече тренерот Никола Матлиески.

 DSC_8791_resize

На овој камп акцентот е ставен повеќе на техничките тренинзи, кои ги води тренерката Јулијана Црвенковска, а најчесто се состојат од игри и вежби со топка.

Покрај Охридско Езеро одлично се дружиме, а таа атмосфера ја пресликуваме на теренот, каде што ги усовршуваме техничките работи. Нѐ очекува доста работа, бидејќи посетеноста на кампот е голема, а што е најважно, задоволни сме од залагањето на дечињата – посочи Црвенкоска.

DSC_8806_resize

Покрај тренинзите, на учесниците на кампот од ракометната академија „Металург“ главна преокупација им е капењето во водите на Охридско Езеро.

Вкупно, кампот на Металург сезонава ќе прими околу 250 деца, бројка двојно поголема од ланската.

 DSC_8967_resize

Последна вест: Децата од втората смена пристигнаа во Охрид и се сместија во хотелот Бетон. За нив кампот само што почна.

Фото:

Прочитано 181 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


9 + 7 =