ЛЕТНИОТ КАМП НА МЕТАЛУРГ ПРОДОЛЖУВА СО СВОЈАТА РАБОТА

23.06.2013 17:28

baner - vesti_resize

Околу 200 деца ја сочинуваат втората смена од летниот камп на Металург во Охрид.  Бројка од која пријатно е изненаден и директорот на младите категории на Металург, Тони Ристевски.

“ Горд и среќен сум што оваа година успеавме да донесе волкав број на деца на летниот камп на Металург. Не очекувавме дека интересот ќе биде толку голем, но тоа ќе биде мотив повеќе следната година летниот камп на Металург да биде уште помасовен. Ваквите показатели не прават една од најдобрите ракометни школи на Балканот и сметам дека ние сме најдобар пример како се работи со ракометните надежи“, потенцираше Ристевски.

DSC_0124_resize2

За првпат во летниот камп на Металург дојдоа и деца од нашите школи во Прилеп и во Куманово. Своето задоволство не го кријат тренерите на овие школи, Гоце Макаловски и Александар Трајковски.

Големо е задоволоството да се биде дел од овој камп, работиме напорно, имаме по два тренинзи дневно. Металург е клуб кој посветува најмногу внимание на младите категории. Јас им препорачувам на сите останатите клубови, во било кој спорт, да го следат трендот на Металург и да произведуваат што повеќе спортисти во своите школи“, рече Гоце Макалоски.

DSC_0008_resize1

Голема благодарност до челниците на клубот Металург кои ни овозможија ваков летен ракометен камп. Во кампот сме фокусирамен само на работа. Децата максимално одговараат на предизвиците, а потоа ги наградуваме со капење во водите на Охридското езеро. Одигравме и еден мини турнир меѓу нашите школи за да видиме до каде сме и што треба да поправиме“, додаде Александар Трајковски.

Меѓу тренерите на Металург најпозната е поранешната ракометарка на Кометал Ѓорче Петров,  Адријана Будимир. Таа своето богато искуство нескромно им го пренесува на младите ракометари од школата.

Малку е напорно да се работи бидејќи имаме повеќе од 200 деца. Ги поделивме во повеќе групи за да можеме да им посветиме внимание на сите. Во нашите школи има многу таленти и со напорна работа нивниот потенцијал треба да го извадиме на виделина. Школата на Металург има одличен систем, ние тренери се залагаме максимално и сигурно е дека некои од овие деца, кои тренираат кај нас, во иднина ќе ги бранат боите на Македонија“, смета Будимир.

DSC_0059_resize3

Школата на Металург ги „кали“ своите ракометни надежи покрај Охридското езеро, а за покажување на нивните квалитети беше организиран и мини-турнир, кој се одржа во спортската сала „Билјанини Извори“.

DSC_0112_resize2

DSC_9986_resize

Еве ги и размислувањата на Даниела Тасевска и на Силвана Миленковиќ, тренери на нашите скопски школи:

Секој клуб што има младинска школа треба да организира вакви летни кампови. Овде акцентот се става на дружењето меѓу дечињата, бидејќи кога се среќни тие „летаат“ на тренинзите, колку и да се напорни“, вели Даниела Тасеска.

“Нашите деца се многу задоволни од летниот камп, а нема ништо поубаво од детската среќа. Немаме никакви проблеми, времето не послужи и со дечињата тренираме двапати дневно“, додаде  Силвана Миленковиќ.

DSC_0103_resize3

Фото:

Прочитано 210 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


+ 2 = 6