МАГДАЛЕНА ЈАНЕВСКА ИМ ГИ “РАСИПА“ СМЕТКИТЕ НА ПРИЛЕПЧАНКИТЕ

03.05.2012 22:54

Одличен резултат оствари екипата на РК Металург Скопје на гостувањето во Прилеп. Средбата заврши нерешено а резултатот е 26:26, полувреме 14:12 за Металург.

Иако на средбата со Жито Прилеп отпатуваа само 12 ракометарки со само една голманка, токму таа на крајот му пресуди на домашниот состав кој со овој резултат најверојатно ги загуби шансите за второ место и учество во Регионалната лига.

Јунак на средбата е нашата голманка Магдалена Јаневска која собра дури 19 одбрани (еден пенал) и која е најзаслужна за постигнатиот резултат.

Во првото полувреме, по рамноправната игра на самиот почеток, Металург Скопје успеа да се одлепи со предност од 3 гола, 8:5. Својата предност ја задржавме до крајот на првиот дел.

Во второто полувреме екипата на Жито Прилеп направи пресврт и го презеде водството. Во еден момент прилепчанките имаа солидна предност од 4 гола, 22:18. Сепак, нашите девојки не се предадоа и набрзо го израмнија резултатот. Се до крајот на средбата се играше гол за гол. При резултат 26:26 домашниот состав имаше предност од една ракометарка и го имаше последниот напад. За наша среќа Жито Прилеп не успеа во својата намера.

ЖРК Жито Прилеп – РК Металург Скопје  26:26 (12:14)

РК Металург Скопје: Јаневска 19 одбрани (1 пенал), Трајковска 2, Каранфиловска, Гакидова 6, Ѓоргиевска 1, Ливриниќ, Крстевска, Стојковска 5, Керамитчиева 4, Бебиќ, Величковска 6 и Ристевска 2.

Прочитано 33 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


1 + 3 =