- МНОГУ ПОТ СЕ ЛЕЕ НА ТРЕНИНЗИТЕ НА ЖРК МЕТАЛУРГ. ФОТОГАЛЕРИЈАОбјавено пред 8 years
- ДЕВОЈКИТЕ ОД МЕТАЛУРГ СКОПЈЕ ДЕНЕСКА ГО ОДРЖАА ПРВИОТ ТРЕНИНГ. ФОТОГАЛЕРИЈАОбјавено пред 8 years
Македонија го совлада Исланд и дојде на чекор од баражот за СП 2019

Македонската женска сениорска репрезентација ја забележа и својата втора победа на квалификациите за баражот за настап на СП 2019. Совладан е главниот конкурент, селекцијата на Исланд, со убедливи 29:21 (16:10).
Македонија неочекувано лесно се справи со Исланд и сите дилеми ги реши уште во првото полувреме, кое го добивме со 16:10.
Македонија одигра фантастично прво полувреме во кое почетокот им припадна на Исланѓанките, кои поведоа со 4:3, но потоа примија дури пет голови во серија. Македонија поведе со 4:8 и своето водство не го испушти до самиот крај.
Ништо не се смени ниту во вториот дел. Македонките одлични и со целосна контрола врз средбата, а одличната игра во еден момент резултираше и со наша максимална предност од цели 12 гола, 15:27. Конечните 21:29 се реални и целосно заслужени.
Утре не чека последниот противник во овие квалификации, селекцијата на Турција, која сепак е далеку од квалитетот на Исланд. Утрешната средба се игра со почеток во 20 часот.
.
Исланд – Македонија 21:29 (10:16)
Исланд: Хансдотир, Јакобсен 2, Стефансдотир 5, Хермансдотир, Палсдотир 5, Орварсдотир 2, Јулиусдотир 1, Давидсдотир 2, Асмундсдотир, Оскарсдотир, Стурлудотир 2, Магнусдотир 1, Хауксдотир 1, Ренотудотир и Албертсдотир. Седмерци: 1/1. Исклучувања: 4 минути..
Македонија: Петковска, Серафимова, Гакидова 1, Д.Ѓорѓиевска 2. Тасевска, Нолевска, Е.Ѓорѓиевска 3, Николиќ, Стојановска, Јанеска, Јовановска 1, Ристовска 9, Ливриниќ 1, Саздовска 7, Гичевска 1 и Штериова 4. Седмерци: 2/3. Исклучувања: 6 минути.
Судии: Татјана Праштало и Весна Балван од БиХ.
Делегат: Андреев Андреј од Бугарија.