- МНОГУ ПОТ СЕ ЛЕЕ НА ТРЕНИНЗИТЕ НА ЖРК МЕТАЛУРГ. ФОТОГАЛЕРИЈАОбјавено пред 7 years
- ДЕВОЈКИТЕ ОД МЕТАЛУРГ СКОПЈЕ ДЕНЕСКА ГО ОДРЖАА ПРВИОТ ТРЕНИНГ. ФОТОГАЛЕРИЈАОбјавено пред 7 years
Македонија обезбеди бараж за СП 2019 во Јапонија

Македонската женска сениорска репрезентација фуриозно ги заврши квалификациите за учество во баражот за СП2019 во Јапонија. Во својот трет натпревар сениорките ја извојуваа и третата победа, овој пат против селекцијата на Турција, која ја совладавме со 30:23 (16:10).
Нашите репрезентативки одиграа уште еден одличен натпревар, кој, како и претходните два, го решија уште во првото полувреме, што го добивме со убедливи 16:10.
Второто полувреме го одигравме рутински, без да и дадеме шанса и надеж на Турција, а го добивме со минимални 14:13.
Македонија сега од СП во Јапонија ја дели само баражот, а двојките за баражот ќе бидат одредени со ждрепка на на 16 декември.
.
Турција – Македонија 23:30 (10:16)
Македонија: Петковска, Серафимова, Гакидова 2, Д.Ѓорѓиевска, Тасевска 1, Нолевска 1, Е.Ѓорѓиевска 4, Мар.Николиќ 1, Јанеска, Јовановска, Ристовска 9, Мил.Николиќ, Ливриниќ 2, Саздовска 6, Гичевска и Штериова 4. Седмерци: 8/9. Исклучувања: 4 минути.