МЕТАЛУРГ СКОПЈЕ ГИ ОСВОИ БОДОВИТЕ ОД СРЕДБАТА СО КОЖУВЧАНКА

04.05.2014 10:08

baner - vesti_resize

Во 16. коло од женската суперлига, екипата на Металург Скопје освои три бода во мечот против Кожувчанка. Конечниот резултат е 26:23, полувреме 16:9.

Кожувчанка поведе со 1:0, а потоа беше 1:1. Од тој момент, па се до крајот на средбата, контролата врз резултатот ја имаа нашите девојки, кои до крајот на првиот дел стигнаа до позитива од седум гола. Во второто полувреме Металург Скопје рутинирано го одржуваше резултатот, а гостинките, со два гола на самиот крај на средбата, само ја намалија нашата предност. Гакидова кај нас и Мамудова во гостинскиот состав беа најдобри поединки, со по шест постигнати гола.

Металург Скопје – Кожувчанка  26:23 (16:9)

Металург Скопје: Дурланова, Каранфиловска, Жупан 1, Гакидова 6, Георгиевска 2, Тодоровска 3, Талеска, Златевска, Петлеска 3, Симљановска 2, Керамитчиева 4, Дабевска 1, Здравковска 3, Јолевска и Петковска.    Седмерци: 2/2.    Исклучувања: 8 минути.

Кожувчанка: М.Митрова, Анчева 1, Китановска 4, Кузманова 3,Атанасова 1, Д.Стојанова 1, П.Стојанова, Алачева, Ананиева 3, Ампова 3, Б.Митрова 1, Петрушева и Мамудова 6.     Седмерци: 4/7.    Исклучувања: 0 минути.

Судии: Куртовиќ Цано и Георгиевски Митко од Скопје.

Делегат: Наумовски Русе од Скопје.

Прочитано 305 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


8 − 6 =