МЕТАЛУРГ СКОПЈЕ ГО ОСВОИ ШТИП

06.04.2014 23:05

baner - vesti_resize

Металург Скопје се враќа со победа од гостувањето во Штип. Екипата на Кожувчанка е совладана со резултат 32:26 (21:12).

Нашите девојки во текот на целата средба го контролираа резултатот и веќе по првото полувреме обезбедија победничка разлика. Поведовме со 6:1, 8:2, а при крајот на првиот дел имавме и позитива од десет гола, 20:10.

Второто полувреме само ја потврди нашата победа. Успехот е уште поголем, ако се знае дека дури 20 минути игравме со ракометарка помалку, а имавме и два црвени картони (токму најдобрите стрелци)!?

Кожувчанка – Металург Скопје  26:32 (12:21)

Металург Скопје: Дурланова (11 одбрани + седмерец), Наумовска, Ципушева, Каранфиловска, Спасовска, Гакидова 1, Ѓоргиевска, Талевска 7, Тодоровска 11, Симјановска 1, Петлеска 5, Дабевска, Керамитчиева 5, Димова, Јолеска и Петковска 2.          Седмерци: 4/4.     Исклучувања: 20 мин.      Црвени картони: Тодоровска и Керамитчиева.

Прочитано 316 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


9 − = 7