МЕТАЛУРГ СКОПЈЕ И ГЕВГЕЛИЈА ГИ ПОДЕЛИЈА БОДОВИТЕ

19.05.2012 22:01

Денес во “Автокоманда“ се одигра интересен првенствен натпревар помеѓу екипите на Металург Скопје и Гевгелија. Средбата заврши без победник но токму Металург Скопје треба повеќе да жали за неостварената победа. Имено, девојките од Металург Скопје беа во водство цели 3/4 од средбата, се до 45-тата минута. На полувреме резултатот беше 14:10 а во 38-та минута и 17:13. Потоа следат лоши минути за нашиот тим и противничка серија од 9:2. Од 45-тата минута водството е во раце на тимот на Гевгелија кој во последните три минути влезе со предност од три гола, 24:21. Сепак, Металург Скопје најде сили и до крајот на натпреварот успеа да израмни.

РК Металург Скопје – ЖРК Гевгелија  24:24  (14:10)

РК Металург Скопје: Петковска, Јаневска, Каранфиловска, Трајковска 1, Гакидова, Ѓоргиевска 6, Тодоровска, Ливриниќ, Симјановска 1, Стојковска 2, Керамитчиева 3, Бебиќ, Величковска 10 и Ристовска 1.     Седмерци: 4/4.     Исклучувања: 4 минути.

ЖРК Гевгелија: Зиковска, Љатева, Тучева, Трпковска 8, Јаневска 10, Ристовска 1, Андреева, Прленда 3, Треновска, Мурговска 2, Зафировска, Шутева и Златевска.      Седмерци: 5/7.       Исклучувања: 14 минути.

Судии: Дејан и Димитар Георгиевски од Скопје.

Делегат: Камишевски Душко од Скопје.

Прочитано 16 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


6 + = 12