МЕТАЛУРГ СКОПЈЕ И СЕ РЕВАНШИРА НА КОЖУВЧАНКА

03.11.2013 17:34

baner - vesti_resize

Во натпревар од 7. коло, екипата на Металург Скопје го совлада тимот на Кожувчанка, со резултат 25:19 (14:6), и се реваншира за поразот доживеан во 2. коло од тековното првенство на Македонија.

Од самиот почеток нашите девојки го опседнаа противничкиот гол и веќе во 5. минута имаа сигурно водство од 4:0. Првиот гостински гол е постигнат во 6. минута, а веднаш потоа и вториот. Се доби впечаток дека стивна почетната еуфорија на Металург Скопје, но нашите девојки се вратија со серија од 6:0, за веќе убедлива предност од 7 гола, 9:2. Полувремето заврши со резултат 14:6.

Во второто полувреме нашите ракометарки рутинирано ја сочуваа големата предност и заслужено се стекнаа со нови три бода. Најпрецизна во Металург Скопје и на натпреварот беше Гакидова, со шест постигнати гола. По пет прецизни удари забележаа Стојанова и Ананиева од тимот на Кожувчанка.

РК Металург Скопје – Кожувчанка  25:19 (14:6)

РК Металург Скопје: Наумовска, Дурланова, Ципушева, Каранфиловска 2, Жупан, Гакидова 6, Ѓоргиевска 4, Талевска 2, Димитровска, Тодоровска 4, Дабевска, Марковска 1, Здравковска, Јолеска 2, Петковска и Керамитчиева 4.      Седмерци: 1/2.    Исклучувања: 10 минути.

Кожувчанка: Митрова, Анчева 2, Китановска 1, И.Кузманова, Јованова 1, Атанасова 1, Ѓоргиева, Д.Стојанова 5, Б.Стојанова, Алачева, Ананиева 5, Ампова 3, Митрева, М.Кузманова 1 и Тасевска.     Седмерци: 5/5.      Исклучувања: 2 минути.

Судии: Куртовиќ Цане и Ѓоргиевски Митко од Скопје.

Делегат: Најденовски Миле од Скопје.

Прочитано 397 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


9 − = 8