МЕТАЛУРГ СКОПЈЕ ЈА СОВЛАДА ЕКИПАТА НА ПРИШТИНА

13.09.2012 13:31

Меѓународната средба помеѓу Металург Скопје и Приштина ја добија младите ракометарки на Металург Скопје. Постигнатиот резултат е 26:25 (13:9).

Првиот дел помина во израмнета борба, со повремени водства на двете екипи. Натпреварот беше решен кога при резултат 8:8 нашите девојки направија серија од 5:0 и преминаа во водство со 13:8. До крајот на полувремето Приштина постигна уште еден гол, за крајните 13:9.

Во текот на целото второ полувреме Металург Скопје одржуваше предност од 4 до 6 гола. Впечатокот е расипан на самиот крај, кога Приштина, со серија од 4:0, дојде на само еден гол заостаток.

РК Металург Скопје – РК Приштина 26:25 (13:9)

РК Металург Скопје: С.Петковска, Јаневска, Серафимова, Стојковска 7, Ливриниќ 2, Бебиќ, Величковска 11, Гакидова 1, Талевска, Каранфиловска, Неделкова, Тодоровска 4, Керамитчиева, Георгиевска, Дабевска 1 и Е.Петковска.

Прочитано 21 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


8 − 4 =