МЕТАЛУРГ СКОПЈЕ МУ СЕ СПРОТИСТАВИ НА ЖИТО ПРИЛЕП

25.08.2012 23:40

Нашата втора женска екипа и учесник во македонската суперлига, Металург Скопје, одигра пријателски натпревар против тимот на Жито Прилеп. Иако ја загубија средбата со резултат 23:26, оставија одличен впечаток.

Натпреварот долго време беше целосно рамноправен и во првиот дел беа забележани дури пет израмнувања. При крајот на овој дел гостинките од Прилеп успеаа да создадат покомотна предност, во еден момент и со 5 гола разлика, 8:13. Сепак, на полувреме резултатот беше 11:14 за гостинскиот тим.

Во вториот дел нашите девојки ги стигнаа гостинките при резултат 15:15, а после тоа се водеше огорчена борба за секој гол. На крајот, поискусните Прилепчанки забележија заслужена победа.

РК Металург Скопје – РК Жито Прилеп   23:26 (11:14)

РК Металург Скопје: Јаневска, Серафимова, Гакидова 3, Ливриниќ 2, Каранфиловска 1, Дабеска, Стојковска 2, Тодоровска 1, Петковска, Ципушева, Неделкова 3, Величковска 10, Бебиќ, Талевска 1 и Георгиевска.

РК Жито Прилеп: Крстевска, Мркиќ 5, Саздова, Шалевска 7, Мургоска, Аџулеска 1, Петлеска, Стојановиќ 4, Адамческа 1, Бошкоска, Серафимовска 1, Нацева 2, Цанеска, Толеска, Здравевска 5 и Наумовска.

Прочитано 15 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


+ 6 = 12