МЕТАЛУРГ СКОПЈЕ НЕ МОЖЕШЕ ПРОТИВ ЕКИПАТА НА ВАРДАР СЦБТ

20.05.2014 21:57

baner - vesti_resize

Металург Скопје денеска одигра уште еден натпревар со екипата на Вардар СЦБТ во рамките на претпоследното коло од женската суперлига. Големата разлика во квалитетот на двата тима резултираше со нов висок пораз, овојпат со резултат 19:43 (10:24).

Натпреварот беше решен веќе по десетина минути, кога вардарки создадоа предност од десет гола, 6:16. До крајот на средбата разликата порасна до +24

Најефикасна ракометарка во составот на РК Металург Скопје беше Тодоровска, која постигна седум гола. За екипата на Вардар СЦБТ, Радичевиќ постигна десет гола.

РК Металург Скопје  – Вардар СЦБТ   19:43 (10:24)

РК Металург Скопје: Ципушева, Каранфиловска 3, Жупан 2, Гакидова 3, Ѓоргиоска 1, Георгиевска 3, Тодоровска 7, Талеска, Наумоска, Спасевска, Златевска, Симјаноска, Дабевска, Маркоска, Здравковска, Петковска.   Седмерци: 2/3.      Исклучувања: 2 минути.

ЖРК Вардар СЦБТ: Саидова, Суслина, Костјукова, Радичевиќ 10, Ѓокиќ 7, Пино, Штериова 5, Николиќ 1, Дембеле 4, Фернанде 1, Зебиќ 6, Кликовац 4, Хмирова 2, Дмитровиќ 3.    Седмерци: 1/1.      Исклучувања: 0 минути.

Судии: Карбеска Силвана и Илиева Марија од Скопје.

Делегат: Начевски Ристо од Скопје.

Прочитано 208 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


9 + = 10