МЕТАЛУРГ СКОПЈЕ ПОДОБАР ОД ВАРДАР СЦБТ 2

09.09.2012 16:33

Во пријателски натпревар, девојките на РК Металург Скопје ја совладаа екипата на ЖРК Вардар СЦБТ 2 со резултат 28:23 (12:12). Тешка и интересна средба во која почетокот на првиот дел ни припадна нам, а крајот на противникот. Пред самиот крај на првиот дел вардарките имаа сигурно водство од 12:8. Сепак, со серија од 4:0, Металург Скопје го израмни резултатот.

Од самиот почеток на вториот дел нашите девојки заиграа многу поагресивно и до крајот на средбата ја имаа контролата врз резултатот.

Незадржлива беше Ивана Гакидова, која постигна 9 гола.

РК Металург Скопје – ЖРК Вардар СЦБТ 2   28:23 (12:12)

РК Металург Скопје: Јаневска, Петковска, Серафимова, Стојковска 3, Величковска 5, Ливриниќ 1, Каранфиловска 1, Гакидова 9, Тодоровска 2, Бебиќ, Тасевска, Неделковска, Ристовска 2, Керамитчиева 5 и Дабевска.

Прочитано 16 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


3 + = 9