MEТАЛУРГ СКОПЈЕ ЗАБЕЛЕЖА НОВА ПОБЕДА

09.04.2014 17:53

baner - vesti_resize

Екипата на Металург Скопје забележа победа во мечот против Жито Прилеп, со резултат 45:34 (27:20).

Видовме вистински првенствен натпревар во кој одлично функционираа нападите на двете екипи за сметка на нивните одбрани. Беа постигнати вкупно 79 гола, а во таа резултатска бркотница, повеќе искористија нашите девојки.

Жито Прилеп беше рамноправен само во првите десетина минути, кога девојките од Прилеп на шестпати го израмнуваа резултатот, а на двапати и водеа, 3:4 и 4:5. Сепак, Металург Скопје ги сплоти своите редови и до крајот на првото полувреме веќе создадовме недостижна предност од 7 гола, 27:20.

Слична игра видовме и во вториот дел, а највисоко водство имавме при резултат 42:30, + 12.

Керамитчиева (9) кај нас и Шулевска во Жито Прилеп (11), беа најекспонираните ракометарки.

Лошата финансиска положба на прилепчанките е причина што тие допатуваа со само девет ракометарки, без тренер, а тајмаутите ги бараше возачот што ги донесе во Скопје.

РК Металург Скопје – ЖРК Жито Прилеп  45:34 (27:20)

РК Металург Скопје: Дурланова, Наумовска, Ципушева, Каранфиловска 1, Гакидова 5, Спасовска, Георгиевска, Тодоровска 8, Талевска 5, Петлеска 2, Симјановска 5, Дабевска 3, Керамитчиева 9, Здравковска 3, Јолеска 1 и Петковска 3.      Седмерци: 1/1.        Исклучувања: 10 минути.

ЖРК Жито Прилеп: Стојанова, Гичева 9, Крстевска 1, Аџулеска 8, Шулевска 11, Цаневска 3, Михајлова 2, Митреска и Пипилоска.         Седмерци: 6/8.      Исклучувања: 2 минути.

Судии: Начевски Виктор и Божиновски Данило од Скопје.

Делегат: Камишевски Душко од Скопје.

Прочитано 342 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


6 − 2 =